logo
logo
logo

(Видео) Вучиќ испрашуваше новинарка во интервју во живо: Знаете ли каде е Маурициус? Не знаете

Vecer | 11.03.2021

(Видео) Вучиќ испрашуваше новинарка во интервју во живо: Знаете ли каде е Маурициус? Не знаете


Српскиот претседател, Александар Вучиќ, престојува во Обединетите Арапски Емирати, а вчера од таму даде интервју за ТВ Пинк. Со него разговараше новинарката Гордана Узелац.

Таа во еден момент го праша како ги коментира наводите изнесени од потпретседателката на Партијата за слобода и правда (ССП), Мариника Тепиќ, која рече дека шефот на нејзината партија, Миша Вациќ, бил прислушуван, а Вучиќ и неговиот брат Андреј ги прекршиле мерките за законско прислушкување.

Вучиќ избегна да одговори, но рече дека Драган Ѓилас (поранешен градоначалник на Белград) и Мариника Тепиќ имаат сметки на Маурициус. И тогаш тој започна да ја напаѓа новинарката, пишува Нова.рс.

„Дали вие имате сметка на Маурициус? Дали знаете каде е Маурициус, Гордана?“, запраша Вучиќ.

„На кого му го поставувате тоа прашање?“, возврати новинарката.

„Вам ве прашувам, знаете ли каде е Маурициус?“, повтори Вучиќ.

„Па, знам“, одговори новинарката.

„Каде?“, повторно прашање од Вучиќ.

„Зошто е тоа важно?“, праша Узелац.

„Затоа што знам дека не знаете. Не знаете и не е важно, но тие знаат…“, кажа Вучиќ во разговорот.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, главно со критики за српскиот претседател, за кого корисниците велат дека целта му била да ја понижи новинарката.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk