(Видео) Ураганот Мајкл усмрти најмалку 16 луѓе

Ураганот Мајкл усмрти најмалку 16 лица во Флорида, повеќето од нив во крајбрежното подрачје што беше најпогодено, објавија официјалните претставници.

Во Вирџинија, Грузија и Северна Каролина, пак при налетот на ураганот настрадаат други најмалку 10 луѓе. Властите посочија дека ова е најсилниот ураган во изминатите 50 години што го погодил тој дел од САД.

И по една недела од налетот на ураганот во САД се уште трае спасувачката акција, екипи трагаат по преживеани. Претставници на службите за итна помош велат дека имало 12 жртви во областа Беј, каде брзината на ветерот достигнала и до 250 километри на час.

Околу 137.000 жители на Флорида, од Мексиканскиот Залив до Грузија, останаа без електрична енергија, а во меѓувреме службениците успеаа да воспостават само телефонски врски.

Шефот на спасувачкиот тим, Метју Наркети, рече дека очекува бројот на жртвите да расте, објави Ројтерс.

„На секој човек со кого контактиравме, следуваат по три лица со кои не успеавме да стапиме во контакт”, рече Наркети и додаде дека со околу 1.135 луѓе, семејства и пријатели немаат контакт.

Тој рече дека точниот број на исчезнати лица се уште не е познат.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари