(Видео) Ураганот Мајкл го разори Мексико бич на Флорида

Спасувачките екипи започнаа потрага по преживеаните на северозападниот дел на американската сојузна држава Флорида по ударот на ураганот Мајкл кој разурна и оштети бројни домови. Припадниците на американската војска во туристичкото место Мексико бич пронајдоа 20 лица кои го преживеале силниот налет на ураганот, изјави гувернерот на оваа сојузна држава, Рик Скот.

Пристапот до Мексико бич е отежнат бидејќи патиштата се блокирани од паднати дрвја, далекуводи и урнатини.

На снимките кои ги објавија светските медиуми направени од хеликоптер, може да се види дека е целосно уништено местото во кое живеат 1.000 лица. Ураганот со себе ги однел домовите на многумина, ставајќи ги само бетонските плочи во песокот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари