logo
logo
logo

(Видео) Тројца руски воени пилоти загинаа откако се активирал катапултот на седиштето

Vecer | 23.03.2021

(Видео) Тројца руски воени пилоти загинаа откако се активирал катапултот на седиштето

Тројца членови на екипажот на рускиот стратешки бомбардер „Ту-22М3“ загинаа, а четвртиот е тешко повреден во инцидентот што се случил во базата Калуга, кога од засега непознати причини бил активиран катапултот на седиштето, јавија руските агенции.

Според нив несреќата во која загинале тројцата пилоти се случила во моментот кога биле вклучени моторите на авионот и кога одеднаш било активирано седиштето за катапулт во авионот.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=A2ywgRXFhK0[/embed]

Извор на кој се повикуваат агенциите изјавил дека командантот на ескадрилата, кој седел на седиштето на инструкторот, бил меѓу жртвите.

Четвртиот пилот е сериозно повреден и тој е пренесен во локалната болница во Калуга, пишуваат медиумите.

Руското Министерство за одбрана го потврди инцидентот и додаде дека започнале истрага за тоа како се случила трагедијата, бидејќи останало нејасно како се активирале седиштата на катапултот во моментот кога биле вклучени моторите на овој стратешки бомбардер.

Истражителите се сомневаат дека седиштата биле активирани пред да се активира моторот на авионот, односно дека се совпаѓа времето на активирање на седиштата и палењето на моторот.

Руски експерти тврдат дека за разлика од катапултните седишта на другите авиони на кои им е потребна соодветна брзина и надморска височина за активирање, оваа верзија на стратешкиот бомбардер го нема тоа, па затоа повредите на екипажот биле фатални.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk