(Видео) Трамп и Ким потпишаа документ кој ќе донесе нови промени во светот

Се случи и историското ракување, за кое целиот свет беше во исчекување. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и американскиот претседател Доналд Трамп си подадоа рака еден на друг и потпишаа заеднички документ. По потпишувањето, Трамп изјави дека со Ким имаат специјална врска.

„Ми беше чест да бидам со тебе“ му рече Трамп на Ким.

Трамп порача дека брзо ќе почне процесот на денуклеаризација на корејскиот полуостров.

Американски високи претставници соопштија дека се работи за договор со кој се потврдува напредокот во разговорите и ветување да се продолжи со исто темпо понатаму.

epa

На прашањето, дали Трамп ќе го покани Ким во Белата куќа, Трамп рекол дека апсолутно ќе го направи тоа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари