logo
logo
logo

(Видео) Тигар во Кина повреди возач откако во полн налет го разби стаклото на возилото

Vecer | 23.04.2021

(Видео) Тигар во Кина повреди возач откако во полн налет го разби стаклото на возилото

Сибирски тигар во село во североисточна Кина повредил еден селанец и го скршил стаклото на прозорецот од неговиот автомобил, објави кинескиот весник „Пиполс дејли“.

Локалните власти ги предупредија жителите на селото Хејилонгјанг да останат во своите домови. Властите планираат да го отстранат тигарот од областа со стрела со средство за успивање, објави весникот.

На „Твитер“ беше објавено и видео од тигарот кој трча кон возилото. На снимката може да се види и стаклото од автомобилот, распарчено по застрашувашкиот скок на големата мачка.

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk