На рускиот аеродром „Сургут“ се судриле два авиона.
Авионот „АТР-72“, кој за време на инцидентот бил под процедура за одржување и имал вклучени мотори, почнал да се движи од засега непознати причини, што предизвикало судир со авионот „јак-40“, пренесува РТ.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=e87BQ9z5u78[/embed]
Локалните медиуми објавија дека двата авиона претрпеле механичко оштетување, но дека во моментот на судирот во леталата немало патници или членови на екипажот, односно нема повредени лица.
makfax.com.mk