logo
logo
logo

(ВИДЕО) Сред бел ден следел случајна минувачка ја нападнал и се*суално ја напаствувал!

Vecer | 02.07.2021

(ВИДЕО) Сред бел ден следел случајна минувачка ја нападнал и се*суално ја напаствувал!

Непознат маж најпрво ја следел жртвата, а потоа ја соборил на земја и сексуално ја напаствувал. Тоа се случи сред бел ден во Њујорк, поточно во Бруклин на авенијата Морган, пренесува  New York Times.

Според полицијата, жената (35) во еден момент забележала дека непознат маж ја следи. Затоа решила да сврти од авенијата Морган према улицата Стаг. Но, човекот продолжи да ја следи.

По некое време, тој го забрзал темпото, и пришол на жената одзади и скокна на неа соборувајќи ја на земја. Ја притиснал, ја пикнал раката во нејзините гаќички и ја фати за задникот. После тоа стана и се оддалечи.

Жртвата и рекла на полицијата дека не претрпела повреди во нападот и одбила медицинска помош.

Полицијата подоцна излегла со информации за напаѓачот. Тој е висок 165 сантиметри и тежок 74 килограми.Мелез со средна градба и црна коса.

На снимките од безбедносните камери се гледа како тој носи црна маица, маскирни панталони и црни патики за време на нападот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk