logo
logo
logo

(Видео) Солзи, танцување и славење во Минеаполис по пресудата на убиецот на Флојд

Vecer | 21.04.2021

(Видео) Солзи, танцување и славење во Минеаполис по пресудата на убиецот на Флојд


Луѓето ширум САД славеа во вторникот откако поранешниот полицаец Дерек Шовин, обвинет за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, беше прогласен за виновен по сите три точки – убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од втор степен од небрежност.

Стотици луѓе се собраа во вторникот пред судницата во Минеаполис каде што трпеливо чекаа да дојде пресудата, која пристигна по десетчасовно дебатирање.

Нивните навивања и извици можеа да се слушнат во судницата откако Шовин беше прогласен за виновен. Снимките од местото на настанот покажуваат дека насобраните главно молчеле, сè додека некој не извикал: „Тој е виновен! Тој е виновен!“

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Os6xiRviRh8[/embed]

Тие почнале да скокаат од радост а имало и солзи. Еден од нив ги замолкнал и извикал: „Дерек Шовин е прогласен за виновен!“

Прославата продолжила со огномет до доцна во ноќта на плоштадот Џорџ Флојд, спомен-местото на раскрсницата од Источната 38-ма улица и авенијата Чикаго во Минеаполис.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk