logo
logo
logo

(Видео) Силна експлозија во фабриката „Слобода“ во Чачак, наредена итна евакуација

Vecer | 19.06.2021

(Видео) Силна експлозија во фабриката „Слобода“ во Чачак, наредена итна евакуација


Неколку детонации се слушнале вечерва во Чачак, по екплозија во фабриката „Слобода“, пренесуваат српските медиуми.

Според информациите, во инцидентот полесно се повредени тројца работници, а наредена е и евакуација на населението од околината на фабриката.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, до експлозијата дошло на заостанати експлозивни направи.

Во оваа фабрика имаше експлозија и пред две недели, тогаш немаше повредени.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk