Кина ја погоди земјотрес од 7,4 степени според Рихеровата скала.

Епицентарот на земјотресот е на 524 километри од градот Ланжу.

Ова беше втор земјотрес во Кина, откако вчера во провинцијата Јунан стресе со 6,4 степени според Рихтер, пришто животот го загубија најмалку две лица, а повредени се дваесетмина, од кои 3 потешко. 72.300 жители на регионот претрпеле разни материјални штети.

Засега нема пријавени жртви од вториот земјотрес, но се проценува дека материјалната штета би можела да биде голема.

makfax.com.mk