(ВИДЕО) Шокантни слики на повредените деца во масакрот во Јемен

Најмалку 50 лица загинаа во нападот на коалицијата предводена од Саудиска Арабија на пазарот и автобусот полн со деца во градот Сад во северниот дел на Јемен.

Како што беше објавено од страна на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, изброени се 29 тела на мртви деца, на возраст под 15 години, како и 48 повредени лица, меѓу кои и 30 деца кои биле доведени во болницата во градот Сад.Во меѓувреме се објавени драматични снимки од болницата по нападот.

Американскиот Стејт департмент ја повика меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија да ги испита воздушните напади врз Јемен.

Јеменските Хути го прифатија повикот од Обединетите нации за независна истрага за воздушните напади во кои загинаа десетици луѓе, вклучувајќи ги и децата.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерез, го осуди нападот и повика на „итна и независна истрага”, кажа неговиот портпарол.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари