Петкатница се сруши во јужнокорејскиот град Гвангжу, на 270 километри југозападно од главниот град Сеул, во средата попладне. Паднала врз автобус со 17 лица, од кои 8 се тешко повредени, а 9 го забгубија својот живот.
Страотна снимка покажува како автобусот е закопан во урнатини и обвиткан во густ облак од прашина.
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=j_fMqmGuwzU[/embed]
Противпожарните служби соопштија дека службите за итни случаи се уште трагаат по други луѓе кои можеби се заробени под урнатините.
Засега не е јасно зошто се урна зградата, истрагата е во тек. Сите работници беа евакуирани пред несреќата.
Јанг Ик, сопственик на продавницата преку улицата од градилиштето, рече дека истрчал од продавницата кога слушнал бучава. Му се чинело како „земјата да се тресе“.