logo
logo
logo

(Видео) Русите објавија целoсна снимка од инцидентот со британскиот брод во Црното Море

Vecer | 25.06.2021

(Видео) Русите објавија целoсна снимка од инцидентот со британскиот брод во Црното Море


Снимка направена од Руската федерална служба за безбедност (ФСБ), го прикажува целиот инцидент со уништувачот на британската кралска морнарица ХМС Дифендер и рускиот патролен брод во Црното Море, во средата.

Снимките го прикажуваат инцидентот во кој руски „су-24М“ го предупредил уништувачот тип-45 од Велика Британија за навелгување во поморската територија, се наведува во прилог на видеото.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Zpi6PG-qdHg[/embed]

Во комуникацијата помеѓу бродовите се слуша предупредување за употреба на оружје во случај на непочитување на барањата на граничната служба.

Според руското Министерство за одбрана, британскиот уништувач, ја нарушил државната граница на Руската Федерација во 11:52 часот, во северозападниот дел на Црното Море и влегол на три километри во територијалните води, во близина на Крим.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=lwbpt43GV7g[/embed]

Руската војска соопшти дека крајбрежен руски воен брод испукал предупредувачки истрели, откако претходно авион „сухој-24М“ фрлил неколку бомби покрај уништувачот, кој потоа ја напуштил руската територија.

Официјален Лондон, во средата негираше дека имало инцидент, но руското министерство потоа објави кратко видео во кое наводно се гледа моментот кога руските сили го потиснале британскиот борбен брод.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk