Во МОСКВА е во тек голема воена изложба на руската армија, Армија-2022. Руската агенција Риа Новости објави видео од куче робот опремено со противтенковски ракетен фрлач (RPG-26).

Претходно на изложбата Москва покажа и модел на планираната нова вселенска станица што ќе ја изгради Русија.

Планираната станица беше наречена РОСС од руските државни медиуми. Да потсетиме дека Русија претходно најави дека планира да ја напушти ISS по 2024 година.

НАСА соопшти дека се уште не добила официјална потврда за планираното повлекување на Русија.