(Видео) Русија ги започна најголемите воени вежби

Најголемите воени вежби во современата историја на Русија, „Исток 2018“ започнаа денеска на Далечниот Исток, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Во рамки на вежбите учествуваат 300.000 руски војници, повеќе од 1.000 авиони, хеликоптери и беспилотни летала, до 36 илјади тенкови, оклопни возила, 80 бродови и бродови за поддршка, соопшти руското Министерство за одбрана. Вежбата ја следи рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Слични по обем воени вежби не биле спроведени од 1981 година, кога беше одржана „Запад-81“ со учество на околу 100.000 луѓе.

Најголемите воени вежби ќе траат до 17-ти септември.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари