logo
logo
logo

(Видео) Разорни торнада го пустошат југот на САД

Vecer | 04.05.2021

(Видео) Разорни торнада го пустошат југот на САД


Додека Националната метеоролошка служба на САД продолжува да издава предупредувања за торнадо за неколку јужни држави, вклучувајќи ги Тексас, Оклахома, Мериленд и Илиноис, корисниците на социјалните мрежи споделија снимки на кои се гледаат последиците од невремето кое беснее во регионот.

Претходно, едно лице загина во торнадо во Џорџија, а локалните електроенергетски компании објавија дека се погодени многу услуги и дека е предизвикана голема штета. Компанијата „Грејстоун пауер“ сподели фотографии на кои се гледа дел од страшната бура.

Видеоснимките, наводно, снимени во близина на Блум, Тексас, прикажуваат торнадо западно од областа, додека на снимките од Илиноис се гледа темното небо и облаците кои се собираат.

Друго видео од Оклахома во областа Питсбург покажа дека облаците потемнуваат и молњите го осветлуваат небото над градот, бидејќи во таа област беше најавено предупредување за торнадо.

Невремето започна во неделата во Мисисипи, со силно торнадо кое ги зафати населените места. Локалната национална метеоролошка служба сподели снимки на кои се гледаат неколку предмети уништени по виорот.

Прогнозите сугерираат дека тешките временски услови во јужните региони на САД ќе продолжат до вторник, а можеби и понатаму во текот на неделата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk