(Видео) Путин и Си правеа палачинки и наздравија со вотка за време на економскиот форум

Рускиот претседател, Владимир Путин го однесе кинескиот колега Си Џинпинг на палачинки, што, како што пренесуваат руските медиуми е приказ на добри лични односи меѓу двајцата водачи.

Путин и Си јадеа палачинки со кавијар и наздравија со вотка на маргините на економскиот форум во Владивосток.

Москва и Пекинг развија „стратешко партнерство” кое ги одразува нивните заеднички ставови кон „униполарниот” свет, термин што ја означува глобалната доминација на САД, пишуваат медиумите.

Приближувањето е олеснето од добрите лични односи на Путин и Си, кој се смета за најмоќен кинески лидер по времето на Мао Цетунг.

Двајцата лидери досега се состанаа скоро 30 пати, а Путин пред извесно време изјави  дека кинескиот претседател е единствениот светски лидер што некогаш го повикал на негов роденден.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари