logo
logo
logo

Видео: Полицаец од Англија кој силно клоцал девојка, не добил отказ

Vecer | 01.07.2022

Видео: Полицаец од Англија кој силно клоцал девојка, не добил отказ

Неименуван службеник од полициската станица Норфолк е снимен како клоца тинејџерка во Норвич на 26 септември 2021. Подоцна полицијата потврди дека му испратила писмено предупредување за недолично однесување.

На видеото од инцидентот, кој се случил пред индискиот ресторан „City of Spice“, се гледа како двајца полицајци се обидуваат да уапсат жена која дава отпор при апсењето. Девојката (15) која била со таа жена се обидела да ги спречи во тоа. Набрзо на местото на настанот стапува трет полицаец кој го клоца 15-годишното девојче и го фрла на земја.

Декстер Хана (41), кој го снимил инцидентот, изјавил дека полицаецот не и поставувал прашања на девојката пред да ја удри со нога. На видеото се слуша како таа им кажува на полицајците дека на овој начин може да и го скршат вратот.

Но, тој додал дека девојките „се обидувале да го импресионираат“ кога виделе дека тој снима што се случува, пишува Дејли Мејл.

"Прво дојде полицаец кој се обиде да ја задржи девојката, тој се обиде да биде љубезен. А потоа, кога почнав да снимам, таа почна да го прави шоуто. Почна да го малтретира и удира полицаецот", рекол Хана.

„Меѓутоа, кога дојде третиот полицаец, не постави прашања, само силно ја удри другата девојка“, додава тој, пренесе Индекс.хр.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk