logo
logo
logo

(Видео) Погреб на принцот Филип – Цела нација со една минута молк

Vecer | 17.04.2021

(Видео) Погреб на принцот Филип – Цела нација со една минута молк


Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на кралицата Елизабета Втора, кој почина минатата недела на 99-годишна возраст, ќе биде погребан денеска по комеморацијата во капелата Свети Ѓорѓи во замокот Виндзор.

Поворката се упати кон капелата. Таа е предводена од најстарите деца на војводата, Чарлс и Ана, следени од Едвард и Ендру, потоа принцовите Вилијам и Хари.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=3m-OkO2iKEw[/embed]

Погребот ќе биде помал, според ограничувањата поради коронавирусот, од 30 гости на црковната служба. Кралицата и избраните членови на семејството ќе носат маски и ќе седат оддалечени два метра.

Претставници на вооружените сили низ целиот Комонвелт маршираа да ги заземат своите места. Бројот на воен персонал во службата е намален на 730 лица.

Пред церемонијата, ковчегот на Филип беше преместен од приватна капела во замокот Виндзор во Внатрешната сала на замокот, каде што ќе се одржи молитвата. Церемонијата ќе биде богата со симболика и ќе ги потсетува луѓето на животот на Филип во служба на кралското семејство и нацијата.

Гренадиерската гарда, вековен полк на британската армија, во која војводата од Единбург служеше како полковник повеќе од четири децении, го постави ковчегот на мртовечка кола што принцот помогна да се дизајнира.

Возилото, модифициран „Land Rover Defender“, ја предводи малата поворка кон капелата Свети Ѓeорѓи, исто така на теренот на замокот Виндзор.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk