logo
logo
logo

(Видео) Обраќање на Путин во живо: Коронавирусот останува главната закана

Vecer | 21.04.2021

(Видео) Обраќање на Путин во живо: Коронавирусот останува главната закана


Рускиот претседател Владимир Путин го започна обраќањето на Федералното собрание на пратениците на Државната дума и сенаторите на Советот на Федерацијата точно напладне по руско време (11 часот по средноевропско време).

„Зачувувањето на народот на Русија е наш најголем приоритет. Стратегијата е да се постигне стабилен раст на населението“, рече рускиот претседател, потенцирајќи ја важноста на вакцинацијата со цел развој на колективен имунитет. „Решението на таа задача зависи само од нас.“

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=nWFhDcrzUas[/embed]

„Бев сигурен дека ќе ги надминеме сите проблеми, владата и општеството беа одговорни и солидарни“, рече Путин. Тој додаде дека руските научници направија голем успех за време на пандемијата, правејќи три сигурни вакцини против коронавирусот.

Традиционално, Кремљ не ги објавува темите на обраќањетоо Сепак, портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, најави дека тоа ќе биде „постковидно“ – посветено на надминување на кризата и поддршка на мерките. Постојат две главни области: социјалната сфера и инфраструктурните проекти.

Традиционално, Путин ќе коментира и за меѓународната политика: ескалација на тензиите во односите со САД, ситуацијата во Донбас, протерувањето на руски дипломати и нови санкции.

Претседателот на Советот на федерацијата, Валентина Матвиенко, очекува рускиот лидер да формулира нов координатен систем, а денешниот говор го нарече пресврт на новото време – најважниот политички и социјален настан оваа година.

Настанот се одржува во централната изложбена сала „Манеж“. Како што беше најавено, акредитирани се околу 450 претставници на медиуми. Сите сенатори, пратеници, новинари требаше да направат PCR-тест три пати за да бидат таму денес.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk