logo
logo
logo

(Видео) Објавена нова снимка: Вода продира во гаражата пред да се урне зградата во Мајами

Vecer | 01.07.2021

(Видео) Објавена нова снимка: Вода продира во гаражата пред да се урне зградата во Мајами


Американските медиуми објавија снимки на кои се гледа како продира вода во гаражата на зградата во Сурфсајд во близина на Мајами бич, само неколку минути пред да се сруши голем дел од зградата.

Според Еј-би-си њуз, видео снимено во близина на зградата само неколку минути пред да се сруши, покажува како вода продира низ таванот во гаражата на зградата, а остатоците од градежен материјал се расфрлани пред објектот.

Видеото е снимено од Адријана Сармиенто, која за Еј-би-си њуз изјавила дека била на одмор со сопругот и дека пливала во базенот на блиската зграда кога слушнала силна бучава.

Излегла на улица за да провери за што станува збор и ја снимила водата што продира во гаражата и нешто што изгледало како остатоци од градежен материјал на улицата.

Снимката е направена во 1:18 по полноќ, само неколку минути пред да се сруши зградата.

Во меѓувреме бројот на жртвите од уривањето на зградата се искачи на 18, а над 140 лица сè уште се водат како исчезнати.

Официјалните лица ветија дека ќе спроведат повеќе независни истраги за уривањето на зградата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk