(Видео) Масовна тепачка меѓу турските пратеници поради контроверзните измени на законот за избори

Турскиот парламент денеска ги усвои измените на изборниот закон, поддржувајќи ги предлозите за кои опозицијата тврди дека можат да отворат пат за изборни измами и да ја загрозат регуларноста на изборите кои се одржуваат следната година, а потоа изби тепачка меѓу пратениците. Измените на законот и овозможуваат на изборната комисија да спојува избирачки окрузи и да префрла гласачки кутии во други окрузи.

Според новите промени, припадниците на безбедносните сили ќе можат да влезат на гласачко место на повик на гласач, со што владата сака да спречи наводно заплашување од страна на забранетата „Работничка партија на Курдистан“ (ПКК) на курдскиот југоисток на земјата. Инаку, турската владата ја обвинува прокурдската партија ХДП дека е продолжена рака на ПКК и дека профитира од заплашувањето на гласачите.

Опозициските партии, пак, предупредуваат дека овие мерки ќе го направат пребројувањето на гласовите помалку транспарентно и ќе ѝ овозможат на владата префрлање на кутии од опозициските упоришта.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари