logo
logo
logo

(ВИДЕО) Градскиот парк претворен во масовна гробница: Вознемирувачки сцени од Индија

Vecer | 28.04.2021

(ВИДЕО) Градскиот парк претворен во масовна гробница: Вознемирувачки сцени од Индија

Индија е на колена. Коронавирусот кој коси во главниот град во изминативе два месеци ги наполни болниците, ги испразни кислородните боци и ги остави граѓаните да умираат буквално на тротоарите. Починатите пак масовно се кремираат на паркинзите на болниците и во парковите.

Индија во средата постави нов глобален рекорд на дневни случаи со коронавирус, регистрирајќи над 360.000 инфекции во изминатите 24 часа.

Бројот на жртви во земјата поврзан со коронавирусит сега надмина 200.000. Според дневните статистички податоци објавени од Министерството за здравство, регистрирани се 360.960 нови случаи, со што вкупниот број на заболени во земјата е 17,99 милиони. Бројот на починати сега достигна 201.187, вклучувајќи и рекордни нови 3.293 жртви.

Индија регистрира експоненцијално голем број случаи – над 300.000 дневни инфекции со ковид-19 од 22 април – што доведува до недостаток на кислород во болниците, болнички кревети и лекови за третман како Ремдесивир. Дневните случаи во понеделникот достигнаа 352.991, додека во вторникот земјата се забележани 323.144 нови случаи.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=vapEyLYgdDU&feature=emb_title[/embed]

Ситуацијата е уште полоша во главниот град Њу Делхи, каде болниците се беспомошни бидејќи се соочуваат со акутен недостиг на кислород. Има голем број случаи кога пациентите умираат бидејќи не успеваат да добијат кислородни легла во болниците.

Според официјалните податоци, Њу Делхи пријавил над 24.000 нови случаи и 381 смртни случаи доцна во вторникот.

Со повеќе жртви пријавени низ целата земја, градовите јавуваат за многу позголемен број на кремации и погреби. Додека оние што управуваат со кремациите и погребалните служби велат дека претходно не виделе толкав број, Њу Делхи сега направи импровизирани погребни огнови за да се справи со растечките кремации.

Градскиот парк во Делхи се претвори во крематориум

Градскиот парк во Делхи се претворил во голем крематориум на умрените од коронавирусот, среде рекордниот број на заразени во Индија и големата стапка на смртност од короната.

Во видеото кое го објави руската агенција Спутник може да се види како работници прават импровизирани локации за кремирање. Минатата недела Индија го собори светскиот рекорд во бројот на луѓе заразени со коронавирусот поради недостигот од респиратори и болнички кревети.

Земјата во четвртокот го надмина рекордот на САД од 297.430 заболени од вирусот, и во еден ден стана глобален епицентар на пандемијата.

Владата ангажираше воени авиони и возови за доставување кислород од други краеви на земјата до Делхи, а локалните медиуми јавуваат за нови смртни случаи поради недостигот од кислород.

Крематориумите во градот претходно соопштиле дека се преполни и ги замолиле семејствата да почекаат.

Индискиот премиер Нарендра Моди е на удар на критики затоа што не успеа да управува со вториот бран на пандемијата. Земјата сега ги користи железниците, воздухопловните сили и морнарицата за транспорт на кислород низ целата земја.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk