Европската Унија синоќа одлучи да воведе нови санкции кон Белорусија и да го затвори европскиот воздушен простор за авионите од таа земја откако Минск изврши принудно слетување на авионот на „Рајанер“ за да го уапси опозицискиот новинар Роман Протасевич.

Според написите во светските медиуми, одлуката за нови санкции против Белорусија дојде зад затворени врати тоа е многу брз и остар одговор на скандалозниот потег на белорускиот диктатор Александар Лукашенко, кој испрати борбен авион МИГ да го пресретне патнички авион во кој беше новинарот. Голем број европски лидери остро го осудија потегот на Белорусија, а некои го оквалификуваа како киднапирање.

Проташевич се појави на видео на социјалните мрежи, кое беше објавено и на државната телевизија. Во видео за кое не е познато каде е направено, тој рече дека стои зад минатогодишните протести и немири во Минск и дека соработува со властите во тој поглед. Тој, исто така, на видеото вели дека во затворот се однесувал добро и дека извештаите за срцеви проблеми од кои страдал биле лажни. Со оглед на тоа дека Пратасевиќ, според другите патници на летот, бил уапсен насилно веднаш по слетувањето во Минск и е под контрола на белоруската полиција, многу е веројатно дека признанието било изнудено, пренесуваат медиумите.

Неговите сојузници веднаш реагираа, тврдејќи дека изјавата ја дал под присила.

„Вака изгледа Роман кога е под психолошки и морален притисок. Барам итно ослободување на Роман и сите политички затвореници“, порача на Твитер лидерот на белоруската опозиција, Светлана Тиханускаја. Непосредно пред објавувањето на снимката, неговата мајка рече дека Проташевиќ е во болница во Минск и дека неговата состојба е критична. Таа вели дека не може да ги потврди информациите што ги добила од здравствената служба, но потврди дека нејзиниот син има проблеми со срцето.

“Поради неговите проблеми со срцето, тој не беше однесен во војска и еднаш беше во состојба на пред-инфаркт. Ако му се случи нешто, може да добие срцев удар”, рече таа.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко се соочи со најголемиот предизвик во неговото 27-годишно владеење кога избија масовни протести по неговата контроверзна победа на минатогодишните претседателски избори. Европските лидери се заканија дека ќе го ограничат меѓународниот воздушен сообраќај над Белорусија, но потенцијално и копнениот сообраќај на земјата, откако авион на Рајанер мораше да направи принудно слетување.

Европската комисија (ЕК) го покани белорускиот амбасадор на разговори.


makfax.com.mk