(Видео) Ерупција на Попокатепетл, вулканот исфрла пепел во висина од два километра

Активниот вулкан Попокатепетл во централно Мексико во саботата навечер почна да исфрла пепел во височина од 2 километра, а облакот од чад се движи кон северо-исток.

Снимки од ерупцијата покажуваат силна експлозија и остатоци од магма кои излегуваат од кратерот. Во областите околу вулканот се очекува можен пад на пепел.

Во овој момент, предупредувањето од Сојузната цивилна заштита од вулкански ерупции останува во „фаза 2“.

Властите ги повикаа граѓаните да се држат настрана од оваа област, а оние кои веќе се во областа да преземат мерки на претпазливост против можниот пад на пепелта.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари