logo
logo
logo

(ВИДЕО) Драма на аеродромот во Кабул, американски војници пукаат, луѓе се качуваат во авиони и бегаат

Vecer | 16.08.2021

(ВИДЕО) Драма на аеродромот во Кабул, американски војници пукаат, луѓе се качуваат во авиони и бегаат

Американските сили пукаа во воздух на аеродромот во Кабул за да спречат стотици луѓе да влезат на пистата, изјави американски претставник.

„Толпата беше надвор од контрола“, рекол изворот за Ројтерс.

„Пукањето е направено само за да се намали хаосот“, додаде тој.

Стотици Авганистанци го заглавија аеродромот обидувајќи се да се качат на воени авиони за да излезат од земјата откако талибанците во неделата влегоа во Кабул.

Аеродромот е контролиран од американски војници кои помагаат во евакуацијата на персоналот на амбасадата.

И додека аеродромот е преполн и хаотичен додека стотици цивили се обидуваат да ја напуштат земјата заедно со странски државјани, улиците на Кабул осамнаа пусти денеска наутро.

Зградите и канцелариите се празни, а делот од градот каде што беа сместени дипломатските претставништва е целосно испразнет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk