logo
logo
logo

(Видео) Делови паѓале од „боинг“ кој полетал од Холандија, повредени старица и дете

Vecer | 21.02.2021

(Видео) Делови паѓале од „боинг“ кој полетал од Холандија, повредени старица и дете

Две лица се повредени во Холандија откако делови на авион „боинг“, почнале да паѓаат на земјата кога избил пожар во еден од моторите.

Холандските власти спроведуваат истрага откако метални делови почнале да отпаѓаат од товарниот авион „боинг 747“, кратко по полетувањето од аеродромот Мастрихт-Ахен.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=YwGLzHrFVz8[/embed]

Според првичните информации, наводно се запалил еден од моторите. Според аеродромските служби, авионот започнал да губи делови додека летал над населба во близина на аеродромот.

Медиумите наведуваат дека две лица биле полесно повредени, од кои едното имало потреба од хоспитализација.

Неколку парчиња метал паднале на земјата во северниот дел на Мерсен во Холандија и повредиле две лица.

Една постара жена била погодена од парче метал во главата и пренесена во болница, а едно дете е полесно повредено и се здобило со изгореници.

Деловите што паднале оштетиле неколку возила и домови. Фотографија објавена од холандските медиуми покажува голема метална прачка што пробила низ покривот на еден автомобил.

Авионот, кој патувал кон Њујорк, бил пренасочен кон Лиеж во Белгија, каде безбедно слетал.

Сличен инцидент се случи и во САД, каде во предградие на Денвер, паднаа делови од авион „боинг 777-200″.

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk