logo
logo
logo

(Видео) Бурата Клоудет го погоди југоистокот на САД, издадено предупредување за торнадо

Vecer | 19.06.2021

(Видео) Бурата Клоудет го погоди југоистокот на САД, издадено предупредување за торнадо


Tропската бура Клодета на Флорида направи голема штета, а во наредните денови допрва ќе се најавуваат нови катастрофи, пренесуваат американските медиуми.

Невремето проследено со грмежи и силен источен ветер, денеска ја погоди американската држава Флорида и поголемиот дел од Алабама и се движи кон крајбрежната област Северна Каролина.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=cDXs0pnnU8M[/embed]

Утрото, Националниот центар за урагани ја категоризираше временската непогода Клодета како бура, која претходно го погоди Њу Орлеанс, Луизијана, пренесува АП.

Националниот центар за урагани издаде неколку предупредувања за торнадо денеска за северна Флорида и јужна Алабама, како и за крајбрежните делови на Северна Каролина. Невремето се очекува да се интензивира в понеделник и да се претвори во тропска бура над Атлантскиот океан, понатаму по должината на брегот на источниот дел на САД.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk