logo
logo
logo

(Видео) Бројот на жртви од двете страни расте, а дипломатските напори не даваат резултати

Vecer | 19.05.2021

(Видео) Бројот на жртви од двете страни расте, а дипломатските напори не даваат резултати


Нема мир на Блискиот исток. Нови воздушни напади на Израел врз Газа, a Хамас возврати со пукање во воздушните бази. Израел тврди дека разговорот за прекин на огнот нема да биде на маса се’ додека не бидат уништени воените ресурси на Хамас.

Во израелските удари утрово загинаа најмалку шест лица во Газа. Целосно уништена е куќата на големо семејство.

„Само што се вративме од утринската молитва, сè уште беше темно, ненадејно нè погоди ракета без предупредување и ја уништи куќата“, рече сопственикот.

Израелската војска соопшти дека ги проширила нападите врз воени цели на југот на палестинската територија. Меѓу убиените во Газа има и радио новинар.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=cdP5mc5Kjzo[/embed]

Екстремистичките организации во Појасот Газа во текот на ноќта и утрово истрелаа ракетен напад кон јужен и централен Израел. Хамас тврди дека биле насочени кон израелските воздушни бази.

Војската соопшти дека нема информации дека ракетите погодиле некоја од тие бази.

„Бев во близина кога слушнав страшна експлозија. Жена ми ме повика и ми рече дека прозорците и ролетните се испукани. Сега видов дека мојот автомобил е погоден“, рече сведок од Израел.

ООН објави дека дури 52.000 Палестинци во Појасот Газа останале без покрив над главата од почетокот на конфликтот и дека 47.000 од нив побарале засолниште во камповите на ООН. Во своето обраќање до нацијата, премиерот Нетанјаху не спомена крај на војната

Бројот на жртви од двете страни расте, а дипломатските напори за постигнување примирје засега не даваат резултати.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk