(Видео) Бројот на загинати во автобуската несреќа во Индија се искачи на 55 лица

Бројот на лица загинати во сообраќајна несреќа што се случи денеска во јужна Индија се искачи на 55 лица, додека повеќе луѓе се повредени.

Несреќата во која автобус што превезувал верници од индиски храм излетал од патот во бездна на југот од Индија е една од најлошите несреќи оваа година, велат властите.

Возачот изгубил контрола над возилото додека се обидувал да избегне друг автобус, изјави локален претставник, кој се претставил како Нарендар.

Автобусот, кој припаѓа на државната транспортна мрежа во државата Теленгани, се враќал од храм кој се наоѓал на врвот на ридот во областа Џагтал, на околу 190 километри од Хајдерабад, главниот град на таа индиска држава, изјав локален официјален претставник.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари