logo
logo
logo

(Видео) Без маски, дистанца и со негативен тест 3.000 луѓе беа на забава во Ливерпул

Vecer | 01.05.2021

(Видео) Без маски, дистанца и со негативен тест 3.000 луѓе беа на забава во Ливерпул

Околу 3.000 лица дојдоа на голема забава во ноќниот клуб „Циркус“, во Ливерпул, а уште толку ќе се забавуваат денес на истата локација.

Станува збор за проект кој го истражува потенцијалното пренесување на коронавирус во ситуација кога сите присутни на забавата дошле со негативен тест.

Самиот тест е доволен за влез во забавата, не се потребни ниту маски ниту дистанцирање – луѓето се прегрнуваа, се бакнуваа и танцуваа едни покрај други како во старите добри времиња.

„Луѓето се охрабруваат да танцуваат, да се потат, да уживаат – накратко, да се однесуваат како сè да е нормално“, рече еден од учесниците на забавата за „Скај њуз“.

Сепак, не беше сè како пред коронавирусот. Забавата траеше од два попладне до единаесет навечер, а пред клубот имаше шатор со истражувачи кои го следеа однесувањето на учесниците.

„За некои, сè беше целосно надреално“, изјави девојка на забавата, додека друга учесничка рече дека се чувствува како да е Божиќ, но е малку чудно што никој не носи маска.

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk