logo
logo
logo

(Видео) Белата куќа им оддаде почит на 500.000 Американци починати од Ковид-19

Vecer | 23.02.2021

(Видео) Белата куќа им оддаде почит на 500.000 Американци починати од Ковид-19


Со едноминутно молчење со 500 запалени свеќи на скалите на Белата куќа, претседателот Џо Бајден, првата дама Џил Бајден, потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Елмхоф им оддадоа почит на 500.000 Американци кои починаа од коронавирус, а камбаните во Националната катедрала во Вашингтон симболично заѕвонија 500 пати во чест на починатите, пренесува „Ројтерс“.

Претходно американскиот претседател Џо Бајден повика на единство во борбата против пандемијата и нареди знамињата низ целата земја да се спуштат на половина копје до петок, поради трагичниот биланс.

Претседателот Бајден и се обрати на нацијата по повод трагичниот број на починати и повика на уште поголемо единство на нацијата во борбата против пандемијата.

САД пријавиле повеќе од 28 милиони случаи на Ковид-19 и 500.264 смртни случаи завчера, а околу 19 проценти од сите смртни случаи поврзани со пандемијата биле пријавени во САД, загрижувачка бројка со оглед на тоа што нацијата сочинува само четири проценти од светската популација, пренесува „Ројтерс“.

„Поминавме полошо од која било друга земја иако сме многу развиени и богати. Имаме 500 000 жртви. Тоа е неверојатна бројка“, изјави водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи за телевизиската мрежа „Еј-би-си“, според агенцијата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk