logo
logo
logo

(ВИДЕО) Автомобили проголтани од дупка, граѓаните шокирани: Среде пат се отворил кратер со врела вода и возилата пропаднале

Vecer | 13.10.2021

(ВИДЕО) Автомобили проголтани од дупка, граѓаните шокирани: Среде пат се отворил кратер со врела вода и возилата пропаднале

На раскрсницата во Новосибирск во Русија се отворила дупка и автомобилите паѓале во неа.

Два автомобили денеска биле проголтани во огромна дупка преполна со врела вода која одненадеж се отворила денеска во Русија.

Возилата "Toyota" и "Nisan" паднале како жртви на кратерот кој се отворил на раскрсницата во Новосибирск.

"Два автомобили целосно потонаа. Ова е ужасно", рекол еден очевидец за локалниот медиум "NGS".

Автомобилот "Lexus" кој бил зад нив избегнал слична судбина бидејќи стоел на црвено светло.

Двата автомобили биле паркирани пред деловен центар кога пропаднале во дупка која одненадеж се отворила. Никој не бил повреден во овој инцидент, но 21 блок станбени згради останале без топла вода и греење.

Овој инцидент е последен во низата вакви незгоди во третиот по големина град во Русија. Минатиот месец дупките проголтале автомобили, автобуси и камиони.

Досега не се пријавени повредени во овие инциденти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk