(Видео) Американската војска открила мистериозни кинески конструкции во море

Американската телевизија Си-Ен-Ен денеска објави неверојатна приказна на Јужното Кинеско Море, каде што кинеската морнарица создава вештачки острови како воени бази, иако соседните земји го оспоруваат кинескиот суверенитет над овие води.

Откако во Окинава се качиле во надзорен авион на американската морнарица, модел P8-А Посејдон, новинарите на Си-Ен-Ен имале можност да летаат над водите кои се предмет на еден од најголемите територијални спорови во светот.

Виетнам, Филипини, Тајван, Индонезија, Малезија и Брунеи, сите овие земји положуваат право на спорните делови од морето, кои покриваат 3,6 милиони квадратни километри, но Кина има далеку поголеми барања од другите. Кинескиот режим, имено, тврди дека најголемиот дел од ова море е дел од кинеската територија уште од античко време.

Екипажот на американскиот воен авион во текот на летот добил дури шест посебни предупредувања од страна на кинеската армија, во кој јасно било наведено дека авионот лета над кинеска територија и дека треба да го напушти воздушниот простор на земјата.

„До американското воено воздухопловство, ова е Кина. Напуштете ја веднаш и држете се подалеку за да се избегне било какво недоразбирање“, вели гласот од контролата на летови.

Од кабината на „Посејдон“ како одговор била емитувана иста порака: „Ова е суверен авион на американската морнарица кој спроведува легитимна воена активност надвор од национален воздушен простор на било која од крајбрежните држави. При вршењето на овие должности загарантирани со меѓународното право, се однесуваме со почит кон правата и обврските на сите држави“.

Пилотот на американската морнарица летал во близина на четири клучни острови каде што Кина има изградено четири утврдувања: Subi Reef, Fiery Cross Reef, Johnston Reef и Mischief Reef. Од прозорецот на авионот, далеку долу, Си-Ен-Ен добил јасен поглед на воздушната и радарска инсталација поставена на вештачки острови под кинеска контрола, кои некогаш биле само купчиња песок во морската шир.

Пекинг тврди дека е неопходно да расте воено присуство на Кина во Јужното Кинеско Море, со цел да се заштити сувереноста на земјата, обвинувајќи го Вашингтон и неговите сојузници на тензиите во регионот. Кинеските власти го вперуваат прстот на редовната ротација и летовите на авиони од морнарицата на САД над Јужното Кинеско Море, велејќи дека тоа е обид за американска милитаризација и провокација.

Во изминатата година, САД ги засилија своите операции со цел да обезбедат слободна навигација во регионот. Меѓутоа, изгледа дека ова време минува бидејќи Кина е се погласна во ставот дека нејголемиот дел од Јужното Кинеско Море е во рамки на нејзината територија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари