Велика Британија протерува 23 руски дипломати!

Тереза Меј рекла дека руските дипломати имаат една недела да заминат од земјата... 

Велика Британија соопштила днеска дека ќе протера 23 руски дипломати бидејќи Москва одбила да објасни како нервниот агенс направен во Русија е употребен за труење на бившиот шпион во Велика Британија.

Премиерката Тереза Меј рекла дека руските дипломати имаат една недела да заминат од земјата, идентификувани како "непријавени шпионски службеници", пренесува Би-Би-Си.

Русија ја негираше вмешаноста за обид на убиство врз бившиот двоен агент Сергеј Скрипања и неговата ќерка Јулија.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари