logo
logo
logo

Велика Британија нема да се врати во Авганистан, порача британскиот министер за одбрана

Vecer | 16.08.2021

Велика Британија нема да се врати во Авганистан, порача британскиот министер за одбрана


Талибанците сега го контролираат Авганистан, а британските и силите на НАТО нема да се вратат во борба против бунтовниците, изјави британскиот министер за одбрана.

„Признавам дека Талибанците сега ја контролираат земјата“, рече секретарот за одбрана Бен Валас за Скај њуз. „Не мора да бидете политички научник за да видите што се случува“, додаде тој.

На прашањето дали Британија и НАТО ќе се вратат во Авганистан, Валас рече дека тоа не е во планот.

Тој рече дека воената страна на аеродромот во Кабул е безбедна и дека Велика Британија прави се што може за да ги евакуира британските граѓани и Авганистанците поврзани со Британија.

„Нашата цел е околу 1.200 до 1.500 поаѓања дневно во согласност со капацитетот на нашите авиони и ќе го задржиме тој проток на патници“, истакна тој.

Британија ја премести својата амбасада од градот на аеродромот во Кабул. На прашањето како ќе се чувствува кога ќе види талибанско знаме како виси на зградата на поранешната британска амбасада во Кабул, Валас одговори: „Симболично, ова не е она што го сакаше секој од нас“.

Валас рече дека се уште не е вистинското време да се одлучи дали Талибанците ќе бидат признаени како авганистанска влада.

„Мислам дека уште многу нешта ќе се случат пред да ги донесеме тие одлуки“, рече тој. „Треба да видиме како функционираат, а не каква е нивната реторика“, додаде британскиот министер за одбрана.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk