logo
logo
logo

Велика Британија без смртен случај од Ковид-19 првпат од март минатата година

Vecer | 01.06.2021

Велика Британија без смртен случај од Ковид-19 првпат од март минатата година


Велика Британија објави дека за прв пат од март минатата година нема смртни случаи од Ковид-19.

Во последните 24 часа биле пријавени 3.165 новозаразени со коронавирус, наспроти 3.383 во понеделникот и 2.493 пред една недела, пренесува Би-Би-Си.

Извештајот следеше откако во Велика Британија и во другите земји од ЕУ порасна загриженоста по неодамнешното зголемување на новозаразени случаи од коронавирус поврзани со ширењето на новиот индиски сој.

Дневната стапка на смртност во Велика Британија, како и бројот на луѓе примени во болници а заразени со коронавирусот бележат пад, велат официјалните власти.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk