logo
logo
logo

Веќе е невозможен живот како пред пандемијата, тврди австриски виролог

Vecer | 31.05.2021

Веќе е невозможен живот како пред пандемијата, тврди австриски виролог


Австрискиот виролог, Кристоф Штајнингер, цени дека животот како што беше пред пандемијата, повеќе нема да биде возможен.

Во изјава за виенскиот дневен весник „Прес“, Штајнингер укажува на тоа дека психологијата кај луѓето исто така се променила при примената на епидемиолошките мерки.

„Никогаш повеќе нема да прифатиме некој да го внесе вирусот во болниците или десетици илјади луѓе кои не биле вакцинирани, излекувани или тестирани на корона, да можат да бидат едни покрај други на концерт. Во такви ситуации, веќе нема да се чувствуваме добро“, нагласува експертот од Медицинскиот универзитет во Виена.

Тој поаѓа од фактот дека населението ќе мора да се навикне на нови мерки и да води живот кој на многу начини ќе наликува на претходниот.

„Нема да можеме да ја контролираме пандемијата само со вакцини“, предупредува Штајнингер.

Вирoлогот вели дека, во однос на вакцинацијата, има долг пат, бидејќи засега само десет проценти од светската популација се целосно имунизирани.

„На тој пат, мора да сметаме и на нови мутации, кои можат да ја заобиколат вакцината. Ние сме во трка во која можеби нема да победиме, иако со вакцините го имаме вистинскиот инструмент во наши раце“, смета Штајнингер.

Тој смета дека се потребни и други основи за одржлива борба против пандемијата и посочува дека се потребни рутински тестови за пристап до одредени места, но и за утврдување на нивото на антитела, со цел да се дознае повеќе за статусот на имунитет на населението.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk