logo
logo
logo

Варијанта на птичјиот грип првпат регистрирана кај човек во Кина

Vecer | 03.06.2021

Варијанта на птичјиот грип првпат регистрирана кај човек во Кина

41-годишен маж во кинеската провинција Џангсу е потврден прв случај на зараза со птичји грип H10N3. Кинеските здравствени власти велат дека ризикот од ширење во големи размери е мал.

Човекот од градот Женџјанг отишол во болница на 28 април кога добил висока температура, а еден месец подоцна му бил дијагностициран вирус на птичји грип H10N3, соопшти Кинеската здравствена комисија. Властите не дадоа никакви детали за тоа како тој се заразил со вирусот.

По надзорот на неговите контакти, не е откриен друг случај на таква инфекција. Човекот бил во стабилна состојба за време на престојот во болница и набргу ќе биде пуштен дома.

H10N3 е слабо патоген, односно помалку сериозен вид вирус што се наоѓа кај живината, додaва Кинеската комисија.

Постојат неколку видови птичји грип во Кина и со нив има ретки случаи на инфекција кај лица што на некој начин се во контакт со живината. Откога вирусот H7N9 усмрти приближно 300 лица во текот на 2016 и 2017 година, нема значителен број на човечки инфекции со птичји грип, пишува „Гардијан“.

Досега не се пријавени други човечки случаи со вирусот H10N3, соопшти Комисијата.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk