logo
logo
logo

Вакцините УСЛОВ ЗА ЛЕТ СО АВИОН?!

Vecer | 02.04.2021

Вакцините УСЛОВ ЗА ЛЕТ СО АВИОН?!

Извршниот директор на австралиската авиокомпанија Квантас, Ален Џојс, изјави дека патниците треба да докажат дека биле вакцинирани против ковид 19 пред да се качат на меѓународните летови.

Според него, Квантас исто така треба да спроведе своја политика кога станува збор за вакцинацијата. Тој додаде дека австралиската национална авиокомпанија е „должна да се грижи“ за своите патници.

Поставувањето на вакцинацијата како услов за летање ќе обезбеди спроведување на оваа политика.

Тој за Би-Би-Си рече дека верува дека владите ширум светот „ќе инсистираат“ на вакцини кога станува збор за меѓународните летови. Многумина од нив веќе зборуваат за вакцинирање на туристите како „услов за влез во земјата“. Сепак, дури и ако не е така, тој смета дека австралиската авиокомпанија треба да води своја политика.

Услов за лет

Ако една авиокомпанија се грижи за своите патници и членови на екипажот, тогаш таа мора да има за цел да ги чува безбедно сите во својот авион.

Тој смета дека патниците на Квантас ќе бидат целосно подготвени да ја прифатат оваа одлука. Како што изјави, огромното мнозинство од нив сметаат дека ова е одлична идеја. Деведесет проценти од анкетираните лица од Квантас сметаат дека треба да се вакцинираат сите оние кои сакаат да патуваат во странство.

Спротивнен став на СЗО

Сепак, директорот на одделот за дигитално здравје и иновации при Светската здравствена организација, Бернардо Маријано, не се согласува со тоа. Тој изјави дека СЗО не го одобрува фактот дека пасошот за вакцинација (т.н. ковид-пасош) станува услов за патување.

Според него, би бил потребен целосно унифициран пристап на владите за да се овозможи таква промена.

Во моментов, границите на Австралија се затворени за скоро сите меѓународни патници. Австралиската влада истакна дека на Австралијците може да им биде забрането меѓународно патување до јуни.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk