logo
logo
logo

ВАКЦИНАТА ПОЧНУВА ДА ДЕЛУВА, потврди Австрија

Vecer | 21.04.2021

ВАКЦИНАТА ПОЧНУВА ДА ДЕЛУВА, потврди Австрија

Вакцинацијата во Австрија започна да делува, а тоа може да се види од фактот дека само 10 проценти од новоинфицираните со коронавирус се постари од 65 години.

Од 17.135 нови инфекции минатата недела, 10,2 проценти или 1.743 биле постари од 65 години, што укажува на тоа дека вакцината почнува да работи.

Меѓу граѓаните постари од 85 години, 71 процент од мажите и 65 проценти од жените во моментов ја примале барем првата доза на вакцината.

Во возрасната група помеѓу 75 и 84 години, вакцинирани се 69 проценти од мажите и 67 проценти од жените, а во возрасната група од 65 до 74 години, 44 проценти од мажите и 42 проценти од жените.

Вкупно 1,76 милиони граѓани во Австрија досега ја примиле првата доза на вакцина, што е 23,36 проценти од населението, а 718.314, или 9,54 проценти, се целосно имунизирани.

Во моментов, младите страдаат од коронавирус, а најмногу оние до 25-годишна возраст, чие учество меѓу погодените е 30,7 проценти.

Во просек, статистички гледано, возраста на новозаболените во Австрија минатата недела е 37,6 години, а пред една година 56,7 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk