logo
logo
logo

Вакцината ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА

Vecer | 06.05.2021

Вакцината ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА

Две недели по втората доза на вакцина против коронавирус, ризикот од хоспитализација над 65-годишна возраст е 94 проценти помал во споредба со нивните невакцинирани врсници.

Имунизацијата со вакцините Модерна или Фајзер значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, според податоците на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Веќе две недели по првата доза, ризикот беше 64 проценти помал, според податоците од 24 болници во 14 американски држави.

Како што се очекуваше, вакцината не обезбеди заштита во првите недели од првата доза.

Истражување во Англија

Во Лондон беше објавено дека дури и по првата доза на вакцини Фајзер и АстраЗенека, ризикот од пренесување на инфекцијата во исто домаќинство значително опаднал.

Според анализата на англиската здравствена агенција (PHE), тој ризик е помал од 38 до 49 проценти.

Во исто време, вакцината Фајзер работи нешто подобро од АстраЗенека.

Студијата, спроведена според податоци од 24.000 англиски домаќинства, е уште еден доказ дека вакцинацијата, покрај тоа што штити од потешки форми на ковид, ја намалува и можноста за пренесување на вирусот на други лица, велат тие

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk