logo
logo
logo

Вакцинација - секој ден, од утре до вечер!

Vecer | 23.03.2021

Вакцинација - секој ден, од утре до вечер!

Францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот повика на „максимална вакцинација, секојдневно, од утро до вечер, бидејќи вакцинацијата е сржта на битката против ковид-19".

„Се бориме за дози на вакцини. Од април ќе биде поинаку. Нема да има викенди или неработни денови за вакцинација“, додаде францускиот претседател по посетата на еден центар за вакцинација на северот на земјата.

Макрон најави и проширување на вакцинацијата против ковид-19 на лица на возраст од 70 до 75 години без коморбидитети, пред забрзувањето на кампањата за вакцинација во земјата.

„За да го забрзаме процесот од сабота започнуваме две работи. Прво ќе воспоставиме телефонски број за барање на постарите од 75 години кои сè уште не биле вакцинирани и сите оние кои не успеале да закажат“, рече тој.

Покрај тоа, се воведува вакцинација за лица на возраст од 70 до 75 години, додаде тој. На приоритетна листа се сега постари од 75 и постари од 65 со коморбидитети.

Макрон рече дека Франција се бори за дозите вакцини што Астра зенека ѝ ги должи и ќе продолжи да врши притисок врз компанијата да ги почитува договорите.

Тој објасни дека таа не им ги доставила договорените дози и дека ќе се бори за нив во наредните денови.

Француската влада има за цел да вакцинира 10 милиони Французи до средината на април, 20 милиони до средината на мај и 30 милиони до средината на јуни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk