Приватната паравоена група „Вагнер“ планира до средината на мај да регрутира околу 30.000 нови борци, изјави основачот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин.

Тој во аудио порака на апликацијата Телеграм рече дека центрите за регрутирање на Вагнер во просек примаат од 500 до 800 луѓе дневно, пренесе Ројтерс.

Пригожин минатата недела изјави дека центрите за регрутирање на Вагнер биле отворени во 42 руски градови.

Во август 2022 година, армијата на Пригожин значително ги прошири воените ресурси, како што наведува независниот портал „Медуза“ во својата анализа од егзилот во Рига – Латвија. Имено, се наведува дека во своите редови регрутирале неколку десетици илјади затвореници (што не е потврдено од претставници на руската армија), други „платеници“, главно поранешни договорни војници и пензионирани воени лица.

Зли платеници или храбри ослободители – КОИ СЕ „ВАГНЕР“ И ЗОШТО СЕ ЕФИКАСНИ