logo
logo
logo

Ужас во Британија: Разбојници со секири среде бел ден ограбуваат златарница (ВИДЕО)

Vecer | 09.06.2023

Ужас во Британија: Разбојници со секири среде бел ден ограбуваат златарница (ВИДЕО)

На драматичната снимка се гледаат маскирани насилници како вчера во 11:36 часот со секири и чекани го кршат излогот на продавницата, а потоа мирно влегуваат во црн „мерцедес“ 4X4 со торби полни со накит и злато. Теренецот тргнува, но застанува по само неколку метри додека четвртиот член од бандата ита кон возилото. На видеото се гледа и дека еден од случајните минувачи го снима возилото со разбојниците.

Според тамошните медиуми, крадците по грабежот се обиделе да ја сокријат трагата оставајќи го мерцедесот и влегле во порше. Но, полицијата цело време ги следела од хеликоптер. Набрзо се судриле и побегнале пеш.

- Црниот Мерцедес 4х4 е пронајден напуштен, додека сребреното Порше 911 исто така е пронајдено напуштено откако учествувало во судир на патот Вајтхол во Лидс. Се претпоставува дека двете возила се украдени. Двајца мажи се уапсени и моментално се во притвор, соопшти полицијата во Западен Јоркшир.

Очевидец откри детали од полициската потера.

- Разбојниците се поделија во две групи и менуваа автомобили, но хеликоптерот веќе беше кренат. Сребреното „порше“ се судри пред мојата фирма, возачот побегна, но набрзо беше уапсен - изјавил сведокот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk