Уште една смена: Трамп го постави Џон Болтон за советник за национална безбедност

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Х.Р. Мекмастер, ќе биде заменет од поранешниот амбасадор на ОН, Џон Болтон, објави во четвртокот претседателот Доналд Ј. Трамп.

Генералот Мекмастер

Со задоволство можам да објавам дека, ефективно 4/9/18, @AmbJohnBolton ќе биде мојот нов Советник за национална безбедност. Многу сум благодарен за услугата на генералот Х. Р. Мекмастер, кој има направено извонредна работа и секогаш ќе остане мој пријател. На 4/9 ќе биде официјално примопредавање, напиша Трамп на Твитер.

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја смени државната обвинителка, Сели Јејтс. Трамп го смени главниот советник Стив Бенон. Трамп го смени директорот за комуникации на Белата куќа, Трамп го смени шефот на неговиот предизборен штаб, Трамп го смени директорот на FBI, Џејмс Коми. Во вторникот, претседателот го отпушти државниот секретар Рекс Тилерсон и им изјави на новинарите во Белата куќа дека е блиску до својот идеален тим.....

Поврзани

Најнови вести

Коментари