logo
logo
logo

УНХЦР: За првите шест месеци од годинава во Медитеранот се удавиле или исчезнале 1.200 мигранти

Vecer | 12.08.2022

УНХЦР: За првите шест месеци од годинава во Медитеранот се удавиле или исчезнале 1.200 мигранти

Освен тоа, десетици луѓе се водат како исчезнати од средата, откако бродот со кој пловеле исчезна јужно од грчкиот остров Родос, соопшти денеска подружницата на агенцијата која работи во Атина. Бродот долг 15 метри, во кој се наоѓале мигрантите, бил оштетен од морето, поради што потонал.

Досега се спасени 34 лица. Грчката крајбрежна стража спасила 29 од нив, а уште пет од турската крајбрежна стража, објави УНХЦР со седиште во Атина.

Со оглед на тоа што спасените дале спротивставени информации за вкупниот број на луѓе во бродот, се стравува дека голем дел од нив се удавиле.

Преживеаните рекле дека бродот превезувал меѓу 60 и 80 луѓе и дека испловил од мало пристаниште во близина на турскиот пристанишен град Анталија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk