Не е лесно да се раководи со ЕК, "последиците" се видни...

Јункер во Брисел фрлал фасцикли по подот, тресел коса на жена, блокирал камера... Повторно крив ишијасот (видео)

Претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер (64) необично се однесувал на самитот во Брисел и за два дена ги шокирал новинарите – и не само нив.

 

Ја изненадил една жена синокоса која ја поздравил со голем ентузијазам, со што си поиграл и со нејзината коса и поентирал со бакнеж во образ.

А потоа станало уште "весело". Јункер намерно фрлал фасцикли со документи на подот на бината каде што стоел со претседателот на ЕС Доналд Туск и други претставници, при што Туск следел со поглед правејќи се дека не забележува.

https://twitter.com/PhilipSime/status/1073516384095739904

И тука не е крајот: Јункер со рака го покрил објективот на камерата покрај која поминувал, а потоа се скарал со премиерката Тереза Меј. Кавгата не помимала незабележана на социјалните мрежи.

https://twitter.com/JadedeVries87/status/1073862163389931520

Новинарите често го прозиваат Јункер поради склоноста кон добрата капка, поради што прави гафови и се тетура по самитите, за кои рекол дека се тетура поради болниот ишијас.

https://twitter.com/Mkahrab1/status/1074055930982084609

https://twitter.com/CaesarTook/status/1072964954767196166

Поврзани

Најнови вести

Коментари