УНИЦЕФ: 35 милиони деца во Нигерија се неухранети и неразвиени

Најмалку 35 милиони деца во Нигерија на возраст под пет години страдаат од неухранетост, соопшти експерт-нутриционист од УНИЦЕФ и предупреди дека ова претставува закана за иднината на земјата.

Дејвис Бамиделе Омотола, консултант-нутриционист за УНИЦЕФ, вели дека неухранетоста доаѓа во повеќе форми и најчесто ги погодува децата во североисточна Нигерија – особено во Борно, Јобе и Адамава.

Отомола вели дека 25 милиони деца на возраст под пет години се „пропаднати“ поради неухранетост и може да умрат ако не се преземат итни мерки за да ги вратат во живот со соодветни интервенции.

Тој додава дека дополнителни 10 милиони деца се неразвиени поради неухранетост и немаат добри изгледи да преживеат.

„Едно од шест деца во североисточна Нигерија (Борно, Јобе, Адамава) живее во глад, додека едно од две деца во регионот е неразвиено или неухрането,“ вели тој.

Нутиционистот повика на итни реформи и интервенции за време на дводневната конференција за раководење со акутна неухранетост во зоните на конфликт во Нигерија.

Настанот беше организиран од Бирото за информации за детски права (ЦРИБ) при Министерството за информатика и култура, како и УНИЦЕФ и Бирото за меѓународен развој при владата на Велика Британија, а присустуваа десетици новинари, како и високи претставници од УНИЦЕФ и владата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари